Протест на здравствените работници

Протест на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Од синдикатот велат дека се одлучиле на ваков чекор поради  незадоволството од непотпишувањето на Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност, а со кој требаше да се зголемат платите на сите вработени.

„Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот“, велат од Синдикатот. 

Ги повикуваат политичките партии кои претендираат да ја водат државата да ги слушнат нивните барања.