Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 646 возачи. Од нив 49 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.


Администратор
25/03/2024 23:53