logo
logo
logo

Јувентус и Милан ремизираа без голови

Vecer | 27.04.2024

Јувентус и Милан ремизираа без голови

Дербито на 34. коло во Серија А меѓу Јувентус и Милан заврши без победник, но и без голови (0-0). Ова сценарио најмногу му одговара на „росонерите“ кои останаа на второто место на табелата со 70 бодови, пет повеќе од „Старата Дама“.

По многу слабото прво полувреме, вториот дел започна со одлична шанса за Јувентус. Најпрвин ударот на Костиќ го одбрани голманот Милан Спортиело, додека Данило потоа ја погоди стативата.

До крајот Јувентус имаше поголем број подобри шанси, а за издвојување е шансата на Рабиот кој во 86. минута не успеа да шутира од два метри за три бода на својот тим. Милан во текот на целиот натпревар не упати ниту еден удар во рамката од голот на противникот.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk