Регион

Србија: Отворен е нов „Фрути“ маркет во Јасеново

24 Mar 2025

Компанијата АД „Подунавје Бачка Паланка“ свечено ја отвори својата нова продавница во населбата Јасеново, на адреса Жарко Зрењанин 33.

Малопродажниот објект, кој се простира на вкупно 400 метри квадратни, од кои 188 метри квадратни се продажен простор, на потрошувачите им нуди асортиман од 4.500 артикли. Објектот располага со две каси и осум паркинг места и во маркетот има шест вработени лица.

На денот на отворањето, компанијата за потрошувачите подготви дегустација на производи од приватните трговски марки, пакети со подароци за потрошувачите кои ќе направат сметка поголема од 2.500 динари, како и подарок ТВ за 100-тиот купувач.

 

Извор: InStore

Фото: АД „Подунавје“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...