logo
logo
logo

Тијаго Силва со солзи во очите: Толку е, го напуштам Челзи

Vecer | 29.04.2024

Тијаго Силва со солзи во очите: Толку е, го напуштам Челзи

Сега и официјално, Тијаго Силва го напушта Челзи по завршување на сезоната во Премиер лигата. Бразилскиот дефанзивец тоа го објави јавно во разговор за клупската телевизија.
Толку е, го напуштам Челзи на крајот на сезоната. Овој клуб многу ми значи. Дојдов тука со намера да останем една година, а останав четири. Не само за мене, туку и за мојата фамилија ова е фанстаично место. Мојот син игра за Челзи. Се надевам дека тој ќе ја продолжи кариерата тука.
Мислам дека одиграв одлични четири сезони, давав се од себе, но за жал се има старт, средина и крај. Но ова не е крај. Се надевам дека вратата ќе ми биде отворена и дека во иднина ќе се вратам со некоја улога во клубот“, изјави Тијаго Силва.
Тој ќе се врати во Бразил и ќе заигра за Флуминенсе, тоа одамна се пишува и се очекува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk