Македонија
1. March 2023 - 21:16

Македонците во Србија со остра осуда за навивачите на Партизан

Политика стои зад  провокацијата на гробари на ракометниот натпревар Партизан-Вардар кој синоќа се играше во Белград. Зад овој инцидент стојат влијателни луѓе од политиката кои преку навивачите сакаат да ги разгорат односите меѓу двете земји смета лидерот на партијата на Македонците во Србија. Бара од институциите и ракометната федерација на Европа да изрече ригорозни казни за клубот кој дозволи ваков инцидент.

И по лавината реакции, официјално никој не се огласи ниту пак се изречени санкции.  Илијевски е изненаден од молкот на македонското МНР за овој инцидент.

Ракометниот натпревар се играше во рамките на регионалната СЕХА лига. Навивачката група гробари најпрво развиорија грчко знаме, а потоа и транспарент на кој пишуваше „Група со српско име слави бугарски војник, мора да е тешко со таков комплекс во главата!?“ Навивачите скандираа Јужна Србија, никогаш Македонија.