Регион

Хрватска: Фабриката „Звечево“ има нов сопственик

28 мар 2024

Компанијата „Флексвеј Адриатик“ е нов сопственик на фабриката за слатки „Звечево“ од Пожега, која е позната по чоколадата Braco и Seka,  пренесува, „НИН“.

Мнозинскиот сопственик на компанијата „Звечево“, Здравко Авир од Загреб, продал над 75 отсто од својот удел на компанијата „Флексвеј Адриатик“, која е фирма ќерка на загребската компанија „Флексвеј Дмцц“, чија дејност е трговија со слатки и чоколадо, а седиштето на компанијата е во Дубаи.

Како што пренесува „Јутарнји.хр“, сопственик на „Флексвеј“ е рускиот милијардер Денис Штенгелов, кој има мнозински удел во една од водечките руски прехранбени компании „КДВ“, која произведува кондиторски производи и слатки.

 

 Извор: „НИН“

Фото: Braco/Seka



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...