Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.