Приведен полицаец кој го обезбедувал комплексот „Инекс“ во Охрид

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.05 часот, во комплексот „Инекс“ во Охрид, лишен од слобода е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот.

„При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност. При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана“, информираат од полицијата. 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.