„Оваа генерација е убиствена, Јапонија сонува за огромен успех на Мундијалот“

Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација, Хајиме Моријасу, изјави дека е презадоволен од раниот пласман на Светското првенство во 2026 година и потсети дека неговата земја одамна сонува за огромен успех на глобалната сцена. 

Јапонија со победата над Бахреин (2-0) стана првата селекција која обезбеди учество на Мундијалот, а Моријасу им се заблагодари на сите во својата држава и повика на масовна поддршка во периодот што следува. 

„Благодарност до сите за нивните максимални напори. Им симнувам капа на нашите навивачи, од кои очекувам уште помасовна поддршка во следниот период.

Јапонија одамна сонува за огромен успех на Светско првенство, оваа генерација покажа дека има квалитет и може да биде убиствена.

Ќе се обидеме да славиме и во останатите натпревари од квалификациите, а потоа ќе се подготвуваме за најважното“, рече селекторот. 

Јапонија стигна до 19 недостижни бодови во својата група од мундијалските квалификации. До крајот на програмата имаат уште три меча, против Саудиска Арабија, Австралија и Индонезија.