ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Студ, дожд, снег и северен ветер

Ладно време луѓе со шал и капа / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено, прогнозира УХМР. Ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег во пониските неста, како и врнежи од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот