Ненчев за ТВ 24: Ставот на партијата со години е дека рудник не смее да има

Александар Ненчев координатор советник во општина Струмица од СДСМ во емисијата 24 Отворено рече дека рудникот не е на територија на општина Струмица, но се директно засегнати и ја разбираат ситуација.

- Ова е актуелно веќе 7-8 години и разбираме зошто е на врвот на интересот на сите граѓани. Ставот на партијата е дека сме против отварање на рудниците. Не можеме да го изоставиме фактот дека Заев донекаде успеа да ја стопира оваа приказна. Беше директно и во Иловица и беа повикани претставници од фирмата која треба да ги отвори, претставници на екологистите. Нашиот став е јасен и се надевам е дека е остане така. - рече Ненчев.