[ФОТО/ВИДЕО] „Боже, каква жена“: Некои велат дека оваа градба на тело е неприродна и чудна, други воодушевени од нејзините колкови – понуди за брак се нижат во коментари

Точка

02/05/2024

19:04

36.622

Големина на фонт

а а а

Различноста е самата суштина на женската убавина. Не постои само еден облик на убавина или еден тип на атрактивна градба. А коментарите за таа разновидност се исто така – разновидни.

Колку луѓе, толку и вкусови за убавина. Но, без разлика што се вели дека за вкусови не треба да се разговара, за оваа девојка и те како се дискутира на „Instagram“.

Коментарите биле поттикнати од видео кое има 1,7 милиони прегледи на „Instagram“. На видеото е прикажана женска фигура во облик на песочен часовник и тоа онаа подваријанта со многу изразена разлика помеѓу половината и колковите.


Преубавата девојка од видеото не припаѓа на слабиот тим. Ова го нагласуваме затоа што жените, за жал, често се критикувани за нивната прекумерна тежина.

Овој пат коментарите гласеле: „Боже мој, каква жена“, „Преубава е“, „Извонредна фигура, извонредна“, „Омажи се за мене“, „Апсолутно фантастично“, „Обожувам ваков изглед“, „Прекрасна фигура“ …

Некои пак сметаат дека овој тип на градба изгледа чудно, па дури и неприродно.

Видеото е ефикасен пример за разноликоста на женската убавина, а показател за здравјето може да биде и обликот на телото.

Како 4 најчести форми на женското тело се издвојуваат: јаболко, круша, песочен часовник и превртен триаголник, односно морков.

Жените со тело и облик на јаболко имаат најмногу маснотии на стомакот, што потенцијално ги изложува на поголем ризик од срцев удар, пишува британски „The Sun“. Научниците од Оксфорд откриле дека половина поширока од колковите и односот на половината и висината што го карактеризира овој тип на тело, го зголемува ризикот од срцев удар за 10 до 20%.

Маснотиите околу струкот се поврзани и со ризикот од дијабетес и канцер, наведува „The Sun“.


„Иако можеби е полесно да се изгуби вишок килограми во горниот дел отколку вишокот на колковите, маснотиите околу струкот можат да претставуваат опасност по здравјето“, вели експертот за тело Џеки Фенер.

Нејзин совет е да се намали внесот на јаглехидрати, а да се јадат оброци со поголем процент на протеини. Пливањето, трчањето, возењето велосипед придонесуваат за здравјето на срцето.

Форма на песочен часовник

Овој облик на тело се карактеризира со пошироки колкови, потесен струк и поистакнати гради. Одредени студии покажуваат дека жените со ваков тип на тело имаат поголема репродуктивна моќ и се помалку подложни на депресија.

Меѓутоа, доколку почнат да се дебелеат, вишокот на килограми рамномерно се распоредува по нивното тело и затоа потешко се забележуваат најкритичните зони. Ова ги изложува на ризик од срцеви заболувања; мозочен удар, дијабетес тип-2 и хипертензија.


Форма на круша

Што претставува градба во облик на круша? Ја имате доколку вашите раце и раменици ви се потенки, а маснотиите се таложат околу бутовите, колковите и задникот (мал процент на маснотии можат да се најдат и во долниот дел на стомакот. Мастите во овие регии не влијаат негативно на срцето и црниот дроб. Тие дури го намалуваат ризикот од срцев и мозочен удар и дијабетес, пишува „The Sun“. Жените со тело во облик на круша се изложени на помал ризик од срцеви заболувања во споредба со жените кои ги краси градбата во облик на јаболко.


Од друга страна со вишокот килограми на колковите, задникот и нозете, се зголемува ризикот од проширени вени, дегенеративни нарушувања на колената и зглобовите.

Облик на превртен триаголник или морков


Тенка половина, потесни колкови, пошироки рамења и поизразени гради … ова се карактеристиките на овој облик на женско тело. Проблемот овде е недостатокот на маснотии и мускулна маса, односно зголемен ризик од остеопороза.




Спонзорирани линкови

Маркетинг