Шпанскиот специјалист за одбрана ја завршува кариерата

Специјалистот за одбрана Гeдеон Гвардиола, кој има 40 години, најави дека на крајот од оваа сезона ќе се повлече од ракометот. Искусниот Шпанец, кој настапува за Нава, зад себе има долга и успешна кариера.

Пред да се врати дома, од 2012 до 2024 година, играше во германската Бундеслига. Во најсилната лига на светот ги носеше дресовите на три клуба: Рајн Некар Левен, Лемго и Ерланген.

На репрезентативен план Гвардиола постигна голем успех со „црвената фурија“ и освои девет медали на големите натпреварувања. Тој беше дел од тимот што ја освои титулата на СП 2013 година, а има и два бронзени медали од СП 2021 и 2023 година. Гвардиола е освојувач и на два златни медали од Европските првенства (2018 и 2020 година), како и два сребрени медали (2016 и 2022 година).

Неговата колекција е значително збогатена со бронзениот медал од Европското првенство во 2014 година, како и бронзата од Олимписките игри во Токио.