Превентивна активност во Кавадарци: Стоп за родово базирано насилство
25-08-2023 РЕГИОН

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР  Велес во задничка соработка со претставници од Здружение за родова еднаквост ,,Визија,, од Кавадарци, денеска реализираа превентивна активност под мотото ,,Стоп за родово базирано насилство'' а која активност е поврзана и  дел од кампањата на  МВР ,,  БЕЗБЕДНО ЛЕТО 2023 год''.

 

Превентивната активност беше реализирана на градскиот зелен пазар во Кавадарци, при што преку непосреден контакт со граѓаните им беа презентирани видовите на родово базирано насилство, начинот на пријавување и справување со сторителите на ваков вид на дела како и информирање за институциите надлежни за соработка и давање на помош на жртвите од ваквиот вид на дела.

 

При спроведената превентивната активност на граѓаните им беше поделен и едукативен печатен материјал од оваа област.



Share

Додади коментар