27 април: Седум години од “Крвавиот четврток“, дали правдата е задоволена?

И по 7 години од крвавиот 27 април се уште се свежи сеќавањата. Од институционална разврска до аналитички но и политички толкувања но не само дома туку и надвор бидејќи за конкретниот случај се води предмет и во Стразбур.

Во разговор за ТВ 24 судијката Маргарита Цаца Николовска вели дека наскоро се очекува разврска која ќе даде одговор на повеќе комплексни прашања а не само на оние кои се однесуваат на тоа кога може како може но и какви се последици може да предизвика амнестијата .

Сепак настаните од 27 април присутни и во актуелната политичка кампања . И денеска симболично пред законодавниот дом со видео бим од настаните во 2017 тата на денешен ден но и расфрлани столици носителот во ИЕ 2 Оливер Спасовски со пресконференција за медиумите ја потсети јавноста на овие настани . Остануваат на ставот дека нема да поддржат амнестија за сторителите и учесниците .

Кандидатката за претседателка на државата поддржана од ВМРО ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Дафкова пак неколку пати во своите јавни обраќања потенцираше дека ќе го искористи инструментот помилување за осудените од 27 април . Од ВМРО ДПМНЕ пак во реакцијата до Спасовски наведуваат

- Кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните од 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање, кој највеќе искористи со настаните од 27 април? Кој направи влада после овие настани? Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска. Како Русковска предвреме ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста. - стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За упадот во Собранието, во различно време се водеа најмалку седум различни судски постапки, во кои, во различни стадиуми на постапката, осудени се четириесетина лица.

Различни беа и квалификациите на делата, па така обвинетите одговараа од „учество во толпа“, до „насилство“ и „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

И по 7 години од овие настани  за организаторите и за најмногу од извршителите сè уште нема правосилна пресуда. Се уште судската процедура е во прв степен иако беа осудени сепак паднаа на апелација па постапката повторно почна од почеток.

Насилниот упад во собранието и по седум години е резервоар на поделби и политички пресметки и незатворена рана на длабоко поделено општество.