Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Откако на претседателските избори кандидатот на Левица, професорката Билјана Ванковска не влезе во вториот круг освојувајќи 41.331 глас, претседателот Димитар Апасиев упати порака до членството и симпатизерите да не паѓаат во духот.

„2015: - Брат, а бе кај можеш Партија да напраиш? Нит пари имате, нит 1.000 членови, па нотари, па уверенија за државјанства, па судови...
ИСХОД: Направивме! Од активисти, синдикалисти, фриленсери и работници.

2016: - Брат, нема да ви дадат да се кандидирате, ќе ви напраат некои мучки.
ИСХОД: Се кандидиравме на сефте парламентарни избори (освоивме 12.000 гласови, не освоивме пратеник, оти ни го украдоа).

2017: - Брат, немате екипа за Локалниве!
ИСХОД: Немавме. Освоивме само еден советник.

2018: - Брат, раскол ви се деси, ја раскурцавте златна Партија!
ИСХОД: Чистка на опортунистите. Партијата се вивнува.

2020: - Брат, тешко да влезете у Собрание. Така е скроен системот. Само големите успеваат.
ИСХОД: Освоивме над 37.000 гласови. Влеговме двајца (а требаше 5, ако беше една изборна единица).

2020: - Брат, банкротиравте скроз. 85.000 ЕУР ви пропаднаа у 'Еуростандард'. Како без пари ќе работите?
ИСХОД: Собиравме пари у тегла! Донираа обични луѓе. Кој колку има. Ама, ги спасивме принципите и не се шитнавме. А чим ги спасивме принципите, сè е спасено! Ја воскреснавме Партијата. Од 5 канцеларии, пораснавме на 
50.

2021: - Брат, тешко на Локалниве. Ќе ве згазат!
ИСХОД: Освоивме 50-ина советници низ цела Македонија! Врие како во кошница од внатрепартиски активности по локалните ограноци.

2024: - Брат, нема да соберете 10.000 потписи за претседателски кандидат! Бе си играјте играчки. Немате инфраструктура. И плус, заебана е процедурата.
ИСХОД: Собравме потписи за 6 дена. Освоивме 42.000 гласови на нашето огнено крштевање, со поддршка на независна кандидатка (на која ѝ се поклонувам до земја за фајтот). ❤️

2024: - Брат, тешко и пратеничка група да имате! Сите се против вас! И медиуми, и олигарси, и амбасади.
ИСХОД: Двоцифрен број млади, чесни и борбени пратеници во парламент! Без нив нема Влада. Со душа го чекаме 8 Мај! 🫶
------------------------------------------------------
НАРАВОУЧЕНИЕ:
'И затоа ти не слушај што лошите луѓе зборат,
Оти тие мршари и Тебе мршар ќе те сторат!'
п.с. Долг е патот на Борбата, другари.
Нема откажување од каузата. Тек сега почињаме. Големи битки нè чекаат.

W-ork with others
I-nvolve in life 
N-ever quit“, порача професорот Апасиев.

реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе