logo
logo
logo

Роналдо: Пред да одам во Италија, Серија А беше мртва, сега сите сакаат по мене во С. Арабија

Vecer | 19.07.2023

Роналдо: Пред да одам во Италија, Серија А беше мртва, сега сите сакаат по мене во С. Арабија

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо вели дека дури по неговото доаѓање во Јувентус италијанскиот фудбал повторно почнал да го привлекува вниманието на фудбалската јавност во светот.

Роналдо кој беше пречекан од новинарите во Шпанија, каде неговиот Ал-Наср се подготвува за следната сезона меѓу другото потврди дека нема намера да се врати во европскиот фудбал.

„Сто проценти сум сигурен дека нема да се вратам во европскиот фудбал. Го отворив патот кон Саудиска Арабија и сега сите играчи сакаат да дојдат тука“, вели Роналдо.

„Кога пристигнав во Јувентус, Серија А беше мртва и откако потпишав… оживеа. Каде и да оди Кристијано предизвикува голем интерес“, вели за себе некогашната ѕвезда на Јувентус.

Португалецот помина три сезони во Јувентус, а  за тоа време постигна 101 гол на 134 натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk