ФОТО | Четворица пријатели продаваат „остров за забави“ двесте пати повеќе отколку што платиле за него

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Во декември 2017 година, четворица пријатели си ја исполниле желбата и купиле приватен остров. Островот наречен „Пајн Ки“ често се нарекува и „Остров на лименки со пиво“. Сместен во близина на брегот на Флорида, гледа на познатата плажа Аполо, која е покриена со борова шума поради која го добил и името. Има површина од околу девет хектари, а пред седум години пријателите за неа платиле само 65 илјади долари, пишува „Пункуфер“.

Освен што околу островот има крајбрежје по кое може да се оди и кое ве кани да пиете коктели во морето по цел ден, единствениот „сосед“ на „Пајн Ки“ е воздухопловната база Мек Дил – па што и да правите на ова островче, никому нема да му пречите. Четворицата пријатели го претворија „Островот на лименки со пиво“, во остров на забавата без многу интервенција. Поставија настрешници, куќички со барови и ресторани, поставија гумени и други забавни објекти и создадоа дестинација која ја посакуваат и младите и семејствата, бидејќи има по нешто за секого.

Фото: Instagram / beer_can_island

Островот функционира како приватен клуб во средината на заливот Тампа, со пристап само за посетителите. Идејата на четворицата пријатели брзо се покажа како визионерска. Партнерствата со авиокомпании ја подигнаа вредноста на островот во Заливот, но благодарение на нив островот стана и привлечна дестинација за забави. На островот се одржаа широк спектар на настани, од концерти до свадби.

Фото: Instagram / beer_can_island

Но, сопствениците ненадејно решија да го продадат островот пред неколку недели, и ако некој отплови од љубопитност или сака со свои очи да види дека забавата навистина е завршена, ќе биде пречекан со знак со натпис „ Островот е затворен, влезот забранет“. Цената на островот кој го платиле 65 илјади долари сега изнесува вртоглави 14,2 милиони долари.

„Ние сме благодарни за поддршката што ја добивме од заедницата и нашите членови низ годините, но како и на сите добри работи мора да им дојде крајот“, рекле тие кога беше објавено дека го продаваат островот.

Фото: Instagram / beer_can_island

„’Пајн Ки’ е еден од ретките острови во приватна сопственост во заливот Тампа, така што ова е ретка можност за инвестирање“, рече Кол Вивер, мнозинскиот сопственик на островот.

Фото: Instagram / beer_can_island

Се чини дека островот наскоро ќе добие нов сопственик бидејќи на официјалната веб-страница на беше објавено дека се водат преговори со потенцијален сопственик кој сака и заедницата да е вклучена, па секој може да стане акционер за 1000 долари за да поседуваат дел од островот, да имаат право на глас и одлучуваат за иднината на островот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот