Диететичарка советува – 3 намирници кои треба да ги јадете во април, еве и зошто

Точка

06/04/2024

15:00

8.234

Големина на фонт

а а а

Одредени намирници треба да ги јадете во одредено годишно доба, за да бидат што покорисни за вашето здравје.

Диететичарката Кара Харбстрит открила кои три намирници треба почесто да ги вметнете во вашето мени во месец април.

Авокадо


Авокадото е одличен извор на масти корисни за срцето, но и начин во исхраната дополнително да внесете растителни влакна и фолати кои се корисни за срцето. Како што пренесува „Eating Well“, една четвртина авокадо содржи 2,5 грама заситени растителни влакна. Мастите во авокадото помагаат во апсорпција на витамини кои се топат во нив, како што се витамините А, Д, Е и К кои се наоѓаат во другата храна.

Аспарагус


Аспарагусот е сезонски зеленчук којшто често се препорачува во исхраната. Содржат растителни влакна, протеини, витамин К којшто ги јакне коските, а обезбедува и витамини А и Ц, потоа калиум и фосфор. Освен тоа, диететичарката Кара Харбстрит вели дека аспарагусот е добар извор на пребиотички растителни влакна кои се важни за хранењето на добрите бактерии во цревата.

Ротквичка


Со доаѓањето на пролетта почнува и сезоната на ротквичка, зеленчук којшто ги збогатува разните салати и други оброци кои сакате да ги јадете. Иако можат да се пронајдат во текот на целата година, диететичарката истакнува дека тие се најдобри во пролет. „Може да ги најдете во многу варијанти, во распон со благ и благо-сладок вкус до лут и остар“.

Можат да се јадат и свежи или печени, а содржат растителни влакна, калиум и витамин Ц.




Спонзорирани линкови

Маркетинг