Стотици повредени во торнадо во САД

Најмалку пет лица, вклучително и едно четиримесечно бебе, загинаа откако десетици торнада го зафатија централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети.

Четири од смртните случаи се во Оклахома, а петтото лице е починато во Ајова од повреди кои ги добило откако бура го погоди Средниот запад.

Од вчера илјадници луѓе се без електрична енергија, а гувернерот на американската сојузна држава Оклахома Кевин Стит, поради последиците издаде наредба со која прогласи вонредна состојба во 12 окрузи.