logo
logo
logo

Два пресврти во Барселона, хет-трик на Левандовски за победа на „Блауграна“

Vecer | 29.04.2024

Два пресврти во Барселона, хет-трик на Левандовски за победа на „Блауграна“

Фудбалерите на Барселона со пресврт славеа денеска на пресметката со Валенсија (4:2) и успеаја да се вратат на второто место на табелата во Ла Лига. Момците на Чави, првото полувреме го завршија во негатива, иако први успеаја да поведат на мечот од 33. коло.

Фермин Лопез го отвори резултатот во 22. минута, по што следуваше пресврт во кој гостите до паузата заминаа со предност. Хуго Дуро во 27. минута израмни на 1:1, додека од белата точка во 38. минута Пепелу ги донесе гостите до водство од 1:2.

Клучен момент на средбата се чини беше црвениот картон за гостинскиот голман Мамардашвили во судиското продолжение од првиот дел, по што Валенсија остана со играч помалку.

Предноста на теренот Каталонците ја претворија во предност во вториот 45 минути и тоа со хет-трикот на Левандовски. Полјакот израмни на 2:2 во 49. минута, а вториот гол за нов пресврт го постигна во 82. минута.

Во судиското продолжение тој го посигна и третиот гол на мечот и тоа од  слободен удар за конечни 4:2.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk