Трендафилов: Граѓанскиот суд Скопје донесе решение за повторување на постапката за Работничкиот дом

Да се повтори постапката за Работничкиот дом е решението на основниот граѓански суд кој со претходна одлука од врховен треба да се одземе од синдикалците.

Од ССМ пак со препорака да се следи примерот на колегите судии од основен и охрабрат тие во врховен, кои очекуваат да има приоритет постапката и да донесат нова пресуда до први мај, со што колку толку би се вратила довербата во судството, во спротивно ќе се води спор пред Судот во Стразбур, што би било срам за државата и политичките чинители велат од ССМ.

 

Врховниот суд својата пресуда ја донесе на почетокот од ноември за одземање на објектот од ССМ и да се предаде во државна сопственост по што синдикалците експресно побараа оставки од потписниците на пресудата испратија и предлог за нивно разрешување до Судскиот совет. Барање е доставено и до уставен бидејќи врховен не ја почитувал нивната одлука од 1992 во која било наведено дека државата нема право да одзема имот во сопственост на синдикатите.