„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради
погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република
Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од
1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони
килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните
денови во историјата на овоштарството во Македонија“<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Ова го изјави д</span>ополнителниот
заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">кој </span>денес е во работна посета
на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK"></span>
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион
Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од
природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар
којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со
градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ
има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на
ресенчани“, заврши Трипуновски.