Прв ваков случај во светот: Венеција од денеска наплаќа влез во градот, 5 евра на ден

Фото: Wikimedia Commons

Италијанскиот град Венеција воведе туристичка такса во обид да ја спречи пренатрупаноста во текот на викендот со најголем број посетители.

Венеција од денеска почна да наплаќа влез во градот за еднодневни излети, што е прв ваков случај во светот. Главната цел на оваа одлука е сузбивање на масовниот туризам. Туристичката такса требаше да започне на почетокот на годинава, но беше одложена поради логистичките тешкотии и стравувањата дека ќе се одрази на приходите од туризмот. Градскиот совет сега го потврди покренувањето на интернетската платформа за плаќање која туристите ќе мора да ја користат за да резервираат билети.

Кој сè мора да купи билет и како функционира купувањето?

Почнувајќи од 25 април, градот ќе ја спроведе долго дебатираната такса за дневни излети. Иако се очекува да се прошири, пилот-проектот 2024 година ќе се применува само во одредени денови во екот на сезоната, од 25 април до 14 јули. Но, не само дневните посетители треба да бидат загрижени. Иако луѓето што ќе преноќат во градот нема да мора да ја плаќаат таксата, доколку престојуваат во градот во текот на тие датуми, сепак ќе треба да се регистрираат за ослободување. Таксата се наплаќа за дневни посети помеѓу 8:30 и 16:00 часот. За 2024 година, таа е фиксно 5 евра по лице на ден.

За 2024 година, градот ги ослободи таксите за оние кои патуваат на повеќето острови во венецијанската лагуна, вклучително Мурано и Бурано, како и Лидо, дом на градските плажи. Меѓутоа, повеќето посетители на Мурано и Бурано, сепак, ќе мора да ја платат таксата, бидејќи повеќето доаѓаат со фериботи од центарот на градот, пишува „Еуро њус“.

Луѓето кои поминуваат низ Пјацале Рома (Piazzale Roma – автобуски терминал), Трончето (Tronchetto) или Стационе Маритима (Stazione Marittima) (каде што сè уште се закотвуваат помалите бродови за крстарење) ќе бидат ослободени додека не преминат во „Стариот град“.

Градскиот совет на Венеција лансираше онлајн платформа која ви овозможува однапред да платите доколку го посетувате градот само на ден, тука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот