Чалханоглу: Го одбив Баерн поради љубовта кон Интер, целта е трофејот во ЛШ!

Откако во јавноста се појавија информации дека Баерн Минхен двапати се обидел да го доведе Турчинот Хакан Чалханоглу, се огласи и самиот фудбалер кој уште еднаш ја потврди својата лојалност кон Интер и со една кратка изјава ги смири своите навивачи. 

Баварскиот гигант имал сериозна намера да го комплетира трансферот во Минхен, но Чалханоглу ја одбил понудата со образложение дека неговата кариера се одвива одлично во Италија. 

„Јас освоив многу трофеи во Италија, а следната цел е титулата во Лигата на шампионите, а зошто да не и „златната топка“. Интер е прекрасен клуб, тука добив огромна љубов и поддршка од навивачите.

Ме поддржаа во тешките моменти и јас тоа не можам да го заборавам. Тие се главната причина за одлуката да останам во Милано“, изјави Чалханоглу за „Спорт Медиасет“. 

Турскиот репрезентативец е клучна алка во ротацијата на Симоне Инзаги, а сезонава имаше проблеми со неколку поситни повреди, но досега успеа да оствари солиден учинок од девет гола и четири асистенции.