Сочна штрудла од јаболка по бабин рецепт (посно): Посебен вкус ѝ дава една состојка

Точка

21/03/2024

16:00

10.124

Големина на фонт

а а а

Замотаните и филувани кори може да ги ставите рамно во тепсија или да ги поставите во вид на круг.

Состојки:

- 1 пакетче готови кори;
- 500 грама рендано јаболко;
- Цимет;
- Шеќер по вкус;
- Ореви;
- Сок од цеден портокал.


Подготовка:

1. Изрендајте ги јаболката, додадете цимет и шеќер, па динстувајте ги во тенџере на рингла (без масло и на тивок оган). Потоа додадете ги оревите, а може и суво-грозје, па филувајте ги корите.

2. На секоја од корите ставете по малку сок од портокал, па ставете го филот од јаболка и замотајте ги корите.

3. Ставете ги корите во плех, па прелијте ги со кисела вода.

4. Печете на 180 степени Целзиусови околу 20 минути.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг