„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан
Објавено во: Македонија 16 Април, 2024
Министеорт за надворешни работи Бујар Османи, вчера на прес-конференција ги коментираше односите во „Отворен Балкан“, за кои кажа дека се нарушени после случувањата во Бањска, со оглед дека според Османи, ако се покаже дека и Белград има вмешаност, тогаш соработката меѓу земјите е невозможна.
На оваа негова изјава реагира професорката Мирјана Најчевска, која вели дека Османи сам не смее да си носи одлуки.
„Како тоа Османи си сам си решил да не присуствува на средби на структура во која решила Македонија да учествува? Како тоа сам си решава со кого ќе соработуваме а со кого не?
Османи е една од големите грешки на СДСМ. Дали е меѓу грешките кои ги препознаваат?