Работниците во културата на нозе - на 3000 вработени им доцнат мартовските плати, а го бараат и покачувањето

3000 вработени во култура сe уште немаат добиено плата за месец март, изјави претседателката на Синдикатот на културните работници, Вера Атанасовска. 

Од пред Министерството за култура најавија дека ќе продолжат со протестите доколку не им се исплатата платите и доколку не го добијат покачувањето кое им следува согласно колективниот договор. 

Од Синдикатот најавија дека доколку се случи да 3 000 вработени останат без плата и здравствено осигурување во тој случај ќе следуваат 3 000 тужби против Министерството за култура. 

Покрај протестите Атанасовска извести дека повеле постапка за тужба за доцнењето на платата. Овој пат ќе настојуваат и да се лоцира одговорноста за ненавремено исплаќање на веќе одработеното.