Сладок леб со кокос: Одличен за појадок или ужина, љубителите на овој егзотичен плод ќе бидат воодушевени

Точка

01/04/2024

15:40

11.106

Големина на фонт

а а а

Одличен е за појадок или ужина, а можете да го консумирате сам или со намаз по желба.

Потребни состојки:

- 2,5 шолји брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 1 шолја шеќер во прав
- 1 лажичка цимет
- 150 гр. кокосово брашно
- 300 мл. млеко
- 2 јајца
- 1 ванилин шеќер
- 75 гр. путер


Подготовка:

1. Во просеаното брашно додајте го прашокот за пециво, шеќерот во прав, циметот и кокосовото брашно и добро измешајте ги сите состојки.

2. Во друг сад ставете ги јајцата, добро изматете ги, па додајте ги млекото и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса постепено додавајте ги сувите состојки кои претходно ги измешавте. Добро изматете.

3. Растопете го путерот и на крајот додајте го во смесата. Важно е смесата добро да ја соедините.

4. Префрлете го тестото во подмачкан плех за печење.

4. Печете околу еден час на 180 степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг