Ѓорѓиев: Гоце Делчев е симбол на една епоха и борба на македонскиот народ за слободна држава

„Годинава имаме и 120 години од Илинденското востание, 130 години од создавањето на македонската револуционерна организација, 120 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. “

Овде станува збор за година на многу чествувања, година која е исполнета со македонска борба, со македонски пројави за македонска држава “,изјави професорот Ванчо Ѓорѓиев на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО.

Тој додаде дека денес, денешниот ден е прогласен за ден со висок безбедносен ризик а пак над главите на жителите на главниот град летале хеликоптери, како да е ситуација во воена состојба.

„Гоце Делчев е симбол на една епоха, на една борба на македонскиот народ, борба за слободна македонска држава или во најмала мера, како што тие планирале да влезе како рамноправен и државотворен член на една поширока балканска конфедерација или федерација“, рече Ѓорѓиев.

Тој посочи дека организација на која припаѓал Гоце Делчев е организација која размислувала за интеграција и спојување на народите.

„Оваа организација кон која припаѓал Гоце Делчев и многу современици всушност е организација која е далеку далеку пред сите на Балканот која размислувала за интеграција, спојување на народите, државите и за развој на економијата за просперитет и отворени граници. Додека пак другите се залагаа за проширување на своите територии за грабување на туѓи народи“, вели Ѓорѓиев.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

притисни ентер