Се подготвува за 15-на минути, а толку е вкусна што со брзина на светлината ќе исчезне од фрижидерот.
Сезоната на јагоди наголемо е во ек, а сочните плодови го привлекуваат вниманието на полиците од маркетите и пазарите.
Доколку и вие сте љубители на ова вкусно овошје и уживате во овошните слатки тогаш овој рецепт е дефинитивно за вас.
Освен што е кремаста и вкусна, оваа торта се прави за 15-на минути. Искористете го периодот додека има свежи јагоди, а јагодите може да ги замените и со некој друг вид на сезонско овошје.
- половина килограм јагоди;
- 600 грама плазма или други бисквити;
- 200 грама чоколадо;
- 2 чаши кисела павлака;
- 300 грама шлаг;
- 150 милилитри кисела вода;
- 200 грама шеќер;
- 100 милилитри млеко;
- 2 ќесички шлаг за декорирање.
Плазмата распоредете ја во плех, загрејте го млекото, па прелијте ги плазмите така што да го впијат млекото и да омекнат. Потоа изматете ја павлаката, па ставете ја во сад, па додадете го шеќерот и соединете. Во друг сад ставете го шлагот, изматете со киселата вода. Потоа помешајте со павлаката.
Јагодите исчистете ги и сечкајте ги доколку се поголеми.
Над плазмата ставете го филот со павлака и шлаг, па над него ставете ги јагодите. Потоа стопете го чоколадото и половина од него прелијте го над јагодите. Потоа додадете уште еден ред плазма, па повторно фил, па јагоди, па на крај топено чоколадо.
Украсете со изматен шлаг.
На здравје!