Компании

Семејството Трамп планира нов деловен потфат

Извор: Emily Nicole/Bloomberg

1 април 2025, 12:00

Семејството Трамп започнува со рударење биткоини со „Хат 8“

Целта е стратегиски развој на резервите од биткоин, кои Трамп ги вети пред изборите

Ерик Трамп е на чело на новооснованата фирма „Американ биткоин“

Семејството Трамп планира нов деловен потфат

Bloomberg Mercury

Семејството Трамп е подготвено да започне проект насочен кон рударење биткоини со „Хат 8“ (Hut 8 Corp), во нов обид за ширење на влијанието во светот на криптовалутите.

„Хат 8“ основа нова компанија, АБЦ (American Bitcoin Corp), која е фокусирана исклучиво на рударење биткоини и „стратегиски развој на резерви од биткоини“, соопшти фирмата со седиште во Мајами во понеделникот.

Доналд Трамп за време на претседателската кампања вети дека ќе воспостави стратегиска резерва од биткоини, како и дека сите биткоини ќе бидат произведени во САД.

Трамп некогаш беше скептик во врска со дигиталните средства, но стана поотворен откако претставници на индустријата почнаа да донираат пари за неговата претседателска кампања.

Одлуката за влез во рударење биткоини се случува по купувањето на мнозинскиот удел во компанијата АДЦ (American Data Centers Inc.) од страна на „Хат 8“, компанија формирана од група инвеститори, вклучувајќи ги и Ерик Трамп и Доналд Трамп Јуниор.

АДЦ по таа трансакција беше преименувана во АБЦ, соопшти „Хат 8“.

Претходните претседателски походи кон криптовалутите вклучуваат издавање колекции на незаменливи токени (НФТ) и дигитални колекционерски предмети со неговиот лик.

Трамп со своите синови исто така го поддржа проектот за децентрализирани финансии ВЛФ (World Liberty Financial). Минатата недела ВЛФ најави лансирање  стабилен токен.

Американскиот претседател минатиот месец потпиша извршна наредба за создавање стратегиска резерва од биткоини, како и посебни резерви од друг дигитален имот.

Иако Трамп со тоа го исполни ветувањето дадено за време на кампањата, претставниците на индустријата не се задоволни.

„Хат 8“ ја пренесе речиси целата своја опрема за рударење на новиот американски биткоин-ентитет во замена за 80 проценти удел во тој бизнис, се наведува во соопштението.

Ерик Трамп ќе дејствува како главен стратегиски директор на АБЦ.

Како што биткоинот се зголеми повеќе од двојно минатата година, приходот на „Хат 8“ скокна за речиси 70 проценти и изнесува 162 милиони долари, со нето-приход од околу 331 милион долари. Се предвидува дека приходите ќе опаднат во првиот квартал, а аналитичарите очекуваат загуби.

Акциите на „Хат 8“ пораснаа за околу 4,3 проценти во 10.17 часот на њујоршката берза. Од почетокот на годината паднаа за 40 проценти.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Доналд Трамп се обврза на рударење во објава на својот профил на платформата Трут (Truth Social) во јуни, по состанокот во Мар-а-Лаго со група раководители на компании за крипторударење.

Секторот за рударење биткоини во САД вреди повеќе милијарди долари. Во текот на последните неколку години вредноста му се зголеми вртоглаво.

На крајот на минатата година вкупната компјутерска сила произведена со рударење во Америка беше помала од 50 проценти.

 

 


 

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување
Компании

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување

Истрагата на ЕУ откри дека 16 големи производители на автомобили, како и Европската асоцијација на производители на автомобили, пред повеќе од 15 години склучиле договори против пазарната конкуренција.

02.04.2025

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите