Алкараз: Штом загубам, луѓето велат дека нешто ми фали – тоа не е фер!

Каде и да настапи, сите го прогласуваат за главен фаворит, но тој не освоил голема титула од јули минатата година, односно од Вимблдон. Карлос Алкарас вели дека луѓето очекуваат премногу од него.

„Штом загубам, луѓето велат дека нешто ми фали, а мислам дека тоа не е фер. Повеќе се фокусираат на мене отколку на моите ривали. Задоволен сум од тоа како играм. Тенисот не е само удирање на топчети, туку и дали имаш други аспекти, како физички, психички...“

Од триумфот на Вимблдон, тој освои само два турнири и тоа двата во серијата 500 - есенва во Пекинг и неодамна во Ротердам.

„Навистина сум задоволен од мојата игра. Од почетокот на годината демонстрирам одличен тенис. Ако не победам, не значи дека не играв добро. Луѓето не размислуваат за тоа како играат моите противници, тие мислат само на мене“, додаде шпанскиот ас.

На претходните два Мастерса Алкараз немаше успех и за првпат по 2021 година не триумфираше на Индијан Велс или Мајами.