ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи сподели графици со растот на платите во приватниот сектор од 2016 до 2023 година фалејќи се дека ја зголемиле благосостојбата на граѓаните и постигнале извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор. Но, дали е така?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Од вкупно 19 дејности според Националната класификација на дејности, во периодот од 2006-2016 година кога беше на власт ВМРО-ДПМНЕ во вкупно 11 дејности платите растат со посилно темпо од платите во периодот од 2017 до 2023 година.

Во градежништвото, Битиќи се фали дека платата се зголемила за 72%, но во претходниот период на владата на ВМРО-ДПМНЕ платата во градежништвото порасна за 104% (или двојно се зголемила). Се фали дека растот на платите во секторот транспорт и складирање е 50%, но во претходен период на ВМРО-ДПМНЕ растот беше 62%. Во секторот снабдување со вода и управување со отпад се фали дека платата пораснала за 47%, а во претходниот период на ВМРО-ДПМНЕ растот на платата бил 60%.

И сега, за кој повисок раст на плати збори Битиќи? Платите во секторот информации и комуникации силно растат и во двата периода и сите знаат дека овој раст е природен, условен од високата побарувачката како на домашен, така и на меѓународен план. Платите во преработувачката индустрија, рударството и услужните дејности (објекти за сместување и сервисни дејности за храна, административни и помошни услужни дејности), и во трговија на големо и мало, растат позабрзано во периодот од 2017-2023 година во услови на намалена понуда на работна сила, иселување на работната сила, барање на работа во соседни држави, а при постоење на домашна побарувачка за овие дејности. Пазарните сили ја детерминираат цената на трудот. И како е зголемена благосостојбата на граѓаните кога во ваш мандат трошоците за живот пораснаа за НЕВЕРОЈАТИ 35%? Ако се земе предвид и овој раст, којшто вие упорно не го земате, НОМИНАЛНИОТ раст на платите се топи. И пак, ВМРО-ДПМНЕ ве води во реалниот раст на платите кој беше создаван во услови на решавање на висока невработеност и со испорачување двојно повисок економски раст од вашиот! Губитници сте на секое поле“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе