Со соодветна фризура ќе изгледате до десет години помладо, тврдат експертите.
Жените во средните години, како што тврдат фризерите, треба дефинитивно да ја избегнуваат оваа фризура.
Станува збор за долгата, рамна коса. Стилистите тврдат дека ова е единствената фризура која апсолутно нѐ прави постари и на која треба да заборавиме штом се појават брчките на кожата.
Долгата рамна коса е едноставна, но елегантна. Иако сите сакаме ваква фризура и таа изгледа екстремно женствено, сепак во одредени години едноставно треба да престанеме да ја имаме на нас.
Стилистите предупредуваат дека таа не му ласка на лицето, односно не ги нагласува најдобрите делови од лицето. Кога на вашето лице ќе почнат да се гледаат знаците на стареење идејата е да го нагласите она што е најдобро на вас, а да го покриете она што не ви се допаѓа.
Како што се однесува до облеката тоа треба да го направите и со косата – да ја оставите должината, но да ја стилизирате во слоеви. Слоевите дозволуваат фризурата да го истакне тоа што е најдобро на вашето лице, а да ги покрие знаците на стареење.