26 Април, 2024
0.0363

Данела Арсовска: Од МКЦ изнесена готовина од 100.000 евра без основа, ангажирани шанкери за 750 евра

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на доскорешниот директор на Младинскиот културен центар, Ванчо Богоев, му порача да и се извини, за како што вели, изнесените лаги во изминатиот период, или во спротивно ќе добие тужба пред суд.

Арсовска на денешната прес-конференција го обвини Богоев дека ангажирал противзаконски 250 лица како хоноррарци, од кои повеќето биле блиски до неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. На 90 пати биле ангажирани шанкери на испомош, од кои највисокиот хонорар бил 750 евра.

Богоев на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата, а договорот му заврши изминатата недела, по што во медиумите објави дека трпел огромни притисоци од Град Скопје.

- Во 2022 постигнати се преку 250 договори спротивно на закон,  без да се ангажира авторска агенција. Зборуваме за 250 ангажмани спротивно на позитивните законските прописи за кои ќе треба да се даде отчетност. Исплаќани се илјадници евра без почитување на ниту една постапка, ниту закон

Меѓу нив има истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ, а има над 90 за времено ангажирање на шанкер за 350 до 750 евра на месец. 

Од главната благајна се подигнати 100.000 евра без основа за повлекување на овие парични средства. Тоа се над 6,2 милиони денари во готово, наведе Арсовска.

Таа демантираше дека на МКЦ му се скратени 90 проценти од буџетот. Минатата година на МКЦ од основниот буџет му следувале 10,7 милиони денари, а оваа година 8,7 милиони денари.

- Што се однесува до сумата за дотации од Град Скопје, лани биле 34 милиони денари, додека оваа година се издвоени 34 милиони денари. Намалувањето е незначително, и не поради тоа што нема интерес Град Скопје, туку МКЦ мора да работи и самоодржливо.

Има потенцијал да работи без субвенции и дотации, има сопствени приходи од над 33 милиони денари.

Не е скратена програмата, договорот на в.д. директорот му заврши, а притисок во целот отфрламе дека имало, Ванчо Богоев ако не се извини за лагите со кои му штети на угледот на Град Скопје, ќе треба тоа да си го докажува пред суд, рече Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица