Малчески за ТВ 24: Премалку луѓе останавме во земјата за да се делиме етнички, ние го критикуваме криминалот на ДУИ

Очигледно е дека ние имаме борба на два концепти. Едниот е концепт на безидејност што го гледаме веќе седум години. Од друга страна имаме концепт кој нуди излез од ова сивило. Не е фер кога другата страна од собирите и митинците испраќа негативни изјави кон нас и нашиот кандидат, па попусто е тоа потпишување на Кодекси за фер избори. Јас сакав да нема црна кампања, а не е така па затоа има впечаток дека кампањата е здодевна, вели политичкиот аналитичар Самоил Малчески во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

- Ова што ние цело време го зборуваме е нефункционалност и разореност на институциите. Затоа се случуваат апсурди како денес на потпишувањето на Кодексот за фер избори од партијата на обвинетиот за двојното убиство Палевски, „Десница“ кои ја искористија можност да бараат негова брза екстрадиција. Ние од еден рестарт на институциите „Нема правда нема мир“ дојдовме до полоша ситуација и сега ќе треба многу време и труд да се обноват сите работи. Не знам зошто го кријат билатералниот скрининг, да видиме што тоа утврдила ЕК, какви сме и што сме направиле и тој билатерален скрининг да ни биде патоказ и насока, вели Малчески.

Малчевски вели дека нападот врз ДУИ не е напад врз Албанците туку е напад врз криминалите на ДУИ, меѓу кои и промената на Кривичниот законик со кој се амнестираа многу луѓе.

- Премалку луѓе останавме во државата за да се делиме по етничка основа, вели Малчевски и додава дека сепак Силјановска Давкова може да очекува гласови и од Албанците и другите заедници, а причината за тоа ја гледа во тоа што на луѓето им е смачено да живеат мачен живот.