Алисон Строкер, првата корисничка на инвалидска количка на бродвејската сцена

18.04.2024 01:47
Алисон Строкер, првата корисничка на инвалидска количка на бродвејската сцена

Бродвејската глумица Алисон Строкер има едноставно мото: Претвори ги своите слабости во предности. Кога не постои пробиен пат, тогаш направи сопствен. Сите што ја познаваат велат дека ѝ пркоси на гравитацијата. Таа ги застапува правата на лицата со инвалидитет, ги мотивира младите глумици и ја поттикнува публиката на претворање на идеите во акција. Не ја дефинира ништо, освен страста за животот и сочувствителноста кон другите.

- Карактерот е способност да се истрае и покрај сите оспорувања.

Во 2015 година Алисон Строкер влезе во историјата, стапнувајќи на бродвејската сцена како прва глумица која користи инвалидска количка. Добивала улоги кои вообичаено им се доделуваат на лица без инвалидитет.

- Тоа што користам инвалидска колична не значи дека треба да добивам исклучиво улоги на жени во инвалидска количка. Не сакам количката да ми избира и донесува улоги. На аудициите се надеваш дека навистина ќе бидеш виден/а и дека ќе ти се укаже прилика заради она што го носиш на сцената.

Алисон Строкер пораснала во Њу Џерси, а инвалидитетот го добила во втората година, по повреда на грбот добиена во сообраќајна незгода. Кога имала седум години првпат видела бродвејско шоу и препознала што сака да прави во животот. Дипломирала на дваесет години на Катедрата за драма на Универзитетот во Њујорк, како прва глумица која користи инвалидска количка.

- Инвалидитетот ме поттикнува да бидам креативна, да размислувам надвор од рамките, да решавам проблеми целиот живот - не само во кариерата.

 

Алисон Мекензи Строкер е американска глумица родена во Риџвуд, Њу Џерси, на 16 јуни 1987 година. Таа е првата глумица со инвалидска количка на бродвејската сцена. Во 2011 година ја основала кампањата против булинг Be More Heroic. Во 2015 година соработувала со организацијата ATYS InsideOut одржувајќи театарски работилници за жени и деца заболени од СИДА во Јужна Африка. Настапила во бројни театарски претстави, телевизиски серии и филмови како: The Glee Project (2012), Ten Days in the Valley (2017), Lethal Weapon (2018), Christmas Eve After (2020), Blue Bloods (2021), Only Murders in the Building (2021), Ozark (2022), Echoes (2022), Law and Order (2024). Добитничка на Tony Award за најдобра глумица во мјузикл во 2019 и Drama Desk Award исто така за најдобра глумица во мјузикл, исто така во 2019 година.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://portaloinvalidnosti.net/

Слични содржини

Активизам / Свет / Музика
Активизам / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Живот / Филм
Активизам / Свет

ОкоБоли главаВицФото