[ФОТО] Една од најубавите манекенки на сите времиња изгледа феноменално и на 68-годишна возраст

Точка

30/03/2024

16:11

7.094

Големина на фонт

а а а

Славната манекенка Иман денес има 68 години и сè уште предизвикува восхит. Таа е една од најубавите манекенки на сите времиња, а многумина се согласуваат дека е невозможно да се победи кога се во прашање познатите имиња од модните писти.

Преку ноќ стана ѕвезда во младоста и почна да соработува со големи модни куќи како „Donna Karan“, „Versace“ „Calvin Klein“ и други, што ја издигна на самиот врв на модниот свет, а многумина ја паметат и по улогата во спотот на Мајкл Џексон за песната „Remember the Time“.


Иман одлично се снајде и во светот на филмот, а во 1994 година го лансираше својот козметички бренд „Iman Cosmetics“, првично наменет само за жени со темна боја на кожа. Таа со вториот сопруг, музичарот Дејвид Боуви, беше во брак сè до неговата смрт во 2016 година, а зедно ја имаат ќерката Александрија Зара.

Во една прилика изјави дека тој и понатаму е нејзин сопруг, а не „покоен сопруг“. „Не ми пречи да ме нарекуваат сопруга на Дејвид Боуви, но секогаш ги потсетувам дека постоев и пред него“, изјави Иман во една прилика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг