logo
logo
logo

Хрватска: Од денеска нема гранични контроли на летови на авиони во рамките на Шенген

Vecer | 26.03.2023

Хрватска: Од денеска нема гранични контроли на летови на авиони во рамките на Шенген

На 1 јануари Хрватска стана членка на Шенген, со што ги укина контролите на внатрешните копнени и поморски граници.

Примената на шенгенските правила на аеродромите од технички причини беше најавена за 26 март, кога почнува летниот распоред на летови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска девет меѓународни аеродроми во Хрватска започнале со целосна имплементација на шенгенските правила. Тоа се аеродромите во Загреб, Дубровник, Сплит, Задар, Пула, Риека, Осиек, Мали Лошињ и Брач.

Во соопштението на МВР на Хрватска, се нагласува дека од вкупниот број на патници во авиопревозот, во просек 70 отсто ќе бидат патници во Шенген зоната, а 30 отсто надвор од таа зона. Исклучок е аеродромот во Дубровник, каде што бројот на двете групи патници е еднаков.

Од МВР додаваат дека на аеродромите ќе се спроведат сите транзициски планови и ќе се направат сите неопходни инфраструктурни корекции за да се дефинира протокот на патници, односно раздвојување на шенгенските и нешенгенските летови. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk