Рецепт за брзи крофнички од само три состојки: Внатре меки, надвор крцкави, готови за 10-на минути

Точка

03/04/2024

20:22

14.840

Големина на фонт

а а а

Децата ги обожуваат овие крофнички, па поради тоа ова е вистинско време да ги направите и да уживате во нив.

Домашните десерти не можат да се споредат со ниту еден од оние купени во продавница. Поради недостатокот на време, жените сѐ поретко подготвуваат слатки задоволства.

Сепак, постои начин за само неколку минути да направите полна чинија вкусни крофнички. Не ни верувате? Погледнете го овој рецепт и обидете се да видите дали тоа е вистина.

За подготовка на овие вкусни крофнички не ви е потребно многу умешност, ниту многу скапи состојки.

Тие се прават за кратко време од она што речиси секоја домаќинка веќе го има во домот.

Состојки:

- 150 грама брашно;
- 200 милилитри јогурт;
- 1 прашок за печиво.


Подготовка:

Сите состојки соединете ги. Мешајте додека не добиете компактно тесто, а потоа ставете го во ќеса. Доколку немате ќеса за слатки, може да користите обична ќесичка за замрзнувач.

Отсечете го врвот и ставете од смесата во масло кое претходно добро сте го загреале. Пржете околу една минута од едната страна, па уште една минута од другата страна.

Потоа вадете ги крофничките на хартија за да не бидат толку многу мрсни. Кога ќе ги извадите крофничките посипете ги со шеќер во прав, чоколадо или внатре може да ги наполните по желба.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг