Иранскиот ММА борец Али Хеибати доби доживотна суспензија откако шутна промотерка пред натпревар во Русија. Не му помогнало многу ни тоа што се извинил еден ден подоцна.
Хеибати учествуваше на ММА вечерта организирана од водечката руска асоцијација ХФЦ. Негов ривал беше рускиот натпреварувач Аркадиј Осифијан во Москва.
Откако двајцата влегоа, во октагонот се прошетала девојка која требала да го објави почетокот на првата рунда круг. Токму тогаш иранскиот борец го направил неспортскиот потег.
По мечот Али објави фотографија заедно со девојката од рингот Марија и изјави дека пред борбата бил многу напнат, и дека не можел да се контролира. Тој додаде дека е оженет и дека го почитува женскиот пол. Меѓутоа, организаторите не биле воодушевени од извинувањето, па објавиле дека му е изречена доживотна забрана за учество на натпреварувања.
„Ваквото однесување кон жените е недозволиво. Физичкото повредување на жените е најниското дело што може да го направи еден маж. Извинувањата на Хеибати не се доволни, тој ќе биде казнет, а целата сума од казната ќе оди кај Марија“, најавија организаторите.