<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Владата на
ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на
позитивната листа за бесплатни лекови. Идната влада ќе имплементира модел за
намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската
опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. </span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Додаваат дека ќе
се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со
вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Лековите мора да
се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и
индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на
сосема ново ниво, стои во соопштението.</span>