ФОТО + ВИДЕО | Брилијантно: „Икеа“ го рекераира фустанот-пешкир на Доџа Кет од Мет гала

Фото: ABACA / Abaca Press / Profimedia//Инстаграм/ ikeauk

Модниот избор на Доџа Кет на Мет гала добива дополнително „внимание“ од „Икеа“.

Добитничката на Греми беше фотографирана како излегува од хотелот „Марк“ во Њујорк во понеделникот вечерта облечена во две крпи за капење – едната како фустан, а другата на главата – пред нејзиното искачување по иконските скали на Мета гала, пишува „Њујорк пост“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ikeauk

Несекојдневниот изглед на Доџа Кет ги испоровоцира критичарите кои гледаа од нивните каучи, при што некои го споредија нејзиниот изглед со пешкир од „Икеа“, инспирирајќи го шведскиот гигант да го рекреира изгледот на Доџа со свои производи, што веројатно ќе чини многу помалку отколку нејзината памучна мода.

„Дали го запознавте најновиот додаток на нашата палета? Ви го претставуваме фустанот Доџа пешкир“, напиша британска „Икеа“ на Инстаграм покрај сликите на манекенка кој парадира низ нивната продавница, облечена како пејачката на „Demons“.

@ikeauk Have you MET our newest addition to our range. Introducing the DÖJA Towel dress. #MetGala #METball #fashion #MetGala2024 @Doja Cat ♬ original sound – May

На една фотографија, манекенката позирала пред продавницата туркајќи брендирана количка облечена во бел пешкир за капење. На пешкирот е прикачена и голема етикета на која пишува „DÖJA“, слична на онаа „ФРЕС“ што се гледаше на облеката на Доџа.

Корисниците на Инстаграм брзо ја пофалија шегата на „Икеа“, нарекувајќи ја „брилијантна“ и „генијална“.

„Дајте му на маркетинг тимот зголемување на платата“, „Маркетиншкиот тим работи БРЗО“, „Се обложувам дека е и многу поевтино“, беа дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот