logo
logo
logo

Сестрата на Ким Џонг-ун со закани до Сеул, јужнокорејскиот претседател го нарече идиот

Vecer | 24.11.2022

Сестрата на Ким Џонг-ун со закани до Сеул, јужнокорејскиот претседател го нарече идиот

Таа новиот јужнокорејски претседател и членовите на неговата влада ги нарече „идиоти“ и „диви кучиња што глодаат коски“ што им ги фрлаат САД.

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја пред два дена соопшти дека ја рагледува можноста за воведување дополнителни еднострани санкции против Северна Кореја поради неодамнешните ракетни тестирања спроведени од севернокорејската армија. Министерството соопшти дека ќе ги разгледа санкции и мерки за спречување на наводните кибер-напади на Северна Кореја, доколку Ким Џонг-ун изврши поголема провокација, како на пример нуклеарна проба.

„Се прашувам какви ‘санкции’ јужнокорејските власти, кои се како диво куче кое трча наоколу и глода коска фрлена од САД, дрско ќе и наметнат на Северна Кореја? Каква спектакуларна глетка” изјави Ким Јо-џонг.

Сестрата на севернокорејскиот лидер ги нарече новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол и службениците од неговата администрација „идиоти кои создаваат опасна ситуација“. Таа додаде дека Јужна Кореја „не беше наша цел“ додека на власт беше нејзиниот поранешен претседател кој се залагаше за помирување со Северна Кореја. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk