Насловна / Архитектура / Сензација во Кина: Скијачки центар на покривот на трговски центар

Сензација во Кина: Скијачки центар на покривот на трговски центар

Studio 10 Design, компанија позната по своите импресивни облакодери во Саудиска Арабија, го претстави својот најнов проект – огромен трговски центар со мешовита намена во Кина, кој ќе го има и најголемиот затворен скијачки центар на светот. Овој иновативен проект наречен Huafa Snow World, во моментот е во изградба во заливот Qianhai, на северозападот на Shenzhen. Huafa Snow World, кој се очекува да биде завршен до 2025 година, нуди единствена комбинација од малопродажни простори, ресторани и забавни содржини.

snow1

 

Но, главната атракција секако е ски центарот сместен на покривот од објектот. За разлика од слични такви проекти, Huafa Snow World е затворен и се наоѓа на височина од 83 метри со должина на патеката од 441 метар. Комплескот има и резиденцијален дел, како и луксузен хотел и изобилство на зелени површини.  Авторите с еводат од принципот на одржливост, па огромниот покрив на ски центарот ќе биде прекриен со соларни панели. Освен тоа, ќе има и систем за управување со водата, преку собирање на дождовницата и нејзино користење за наводнување. Huafa Snow World претставува голем напредок во комбинирањето на малопродажните и забавните содржини со единствено спортско искуство.

snow2

Испрати коментар

Scroll To Top