Корисни трикови за да препознаете расипано јајце

Ако често готвите, сигурно барем еднаш сте испукале јајце во сад со други состојки, но јајцето се расипувало и сте морале се да фрлите во ѓубре. За жал, кога станува збор за јајца, не е секогаш лесно да се одреди колку се свежи бидејќи заштитната непроѕирна лушпа ја крие вистинската состојба на белките и жолчките.

Како да препознаете дали јајцата се лоши

Сите кутии и пакувања за продадени јајца мора да имаат означен датум на најдоброто пред. Рокот е шест недели откако јајцето ќе се стави во кутија и ќе се подготви за продажба. Тоа е секако најлесниот и најсигурен начин да проверите дали јајцата се уште се добри за јадење.

Што ако не е прикажан датумот на истекување?

Ако немате означен датум на истекување, понекогаш е можно да откриете дали јајцето е расипано со тоа што ќе го помирисате. Јајцата не треба да имаат некој посебен мирис, но ако почувствувате слаб мирис на сулфур, нешто не е во ред. Ако не сте сигурни, испукајте го јајцето на чиста чинија за да го мирисате. Доколку има силен мирис, фрлете го и темелно измијте ја чинијата.

Свежото јајце мора да има светло жолта или портокалова жолчка и густи белки. Ако јајцето е расипано, жолчката ќе биде побледа, а белката течна. Почист, но и позабавен метод е пловечкиот тест.

Ова не е мит – свежи јајца ќе потонат, а расипани јајца ќе лебдат на врвот

Едноставно наполнете сад со ладна вода од чешма и ставете ги јајцата во него. Ако потонат до дното и се тркалаат на едната страна, свежи се и добри за јадење. Расипано јајце ќе плови бидејќи со текот на времето има акумулирано воздух. Сите јајца кои не тонат на дното треба да се фрлат, пишува Индекс.

Што е со складирањето на тврдо варени јајца?

Друга е приказната кога станува збор за тврдо варени јајца. Тие имаат многу пократок рок на траење од суровите бидејќи процесот на готвење го отстрани заштитниот надворешен слој на лушпата и ги направи попропустливи и почувствителни на бактерии и други загадувачи. Тврдо варените јајца можат да останат во фрижидер до една недела ако се остават во лушпата или околу пет дена ако се излупат. Јајцата задолжително ставете ги во фрижидер најдоцна два часа по готвењето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното