Анализи

Германија: „Алди“ има за цел да го прошири меѓународното водство во однос на „Лидл“

12 мар 2024

„Алди“ настојува да го забави плановите на „Лидл“ за меѓународно ширење. На најважните меѓународни пазари на „Лидл“, во САД и Велика Британија, „Алди“ започна со огромни инвестициски програми за да го прошири влијанието и пазарниот удел. „Алди“ мора да биде противтежа на „Лидл“ во водството на високопрофитните пазари, во развојот во средна и источна Европа, како и другите стратешки подрачја како што се лојалноста на купувачите и сопственото производство на приватните марки.

Пишува: Себастијан Ренак, меѓународен рителј аналитичар

Кој е следниот чекор на  „Алди“  во САД во согласност со напорите за проширување на своето присуство на пазарот?  Компанијата издвоила 9 милијарди американски долари за отворање на дополнителни 800 продавници до 2028 година, покрај постоечките продавници на 2360 локации. Инвестицијата е насочена кон отворање на 330 нови продавници во североисточните и среднозападните области, конверзија на над 400 супермаркети од „Вин – Дикси“ и „Харви“ на југоистокот, кои беа купени минатиот август, како и проширување на нови територии како што се Калифорнија и Феникс. Исто така, во Велика Британија, каде што „Лидл“ според пазарниот удел е блиску до „Алди“, од „Алди“ за годинава најавија инвестициска програма од половина милијарди британски фунти во мрежата на своите продавници.

Во меѓувреме, конкурентот „Лилд“ кој досега не го достигнал нивото на привлекување на американските купувачи кое што го очекувал со влезот на пазарот во 2017 година, настојува подобро да се приспособи на реалноста на локалните пазари. Со скорешниот нов извршен тим, компанијата на мало ја внесува американската малопродажна стручност. Четворица раководители се приклучиле на американскиот лидерски тим. На врвот, новиот извршен потпретседател за набавка и извршен директор Мигуел Парадела, со себе го носи 25 годишното искуство во „Лидл“ – Шпанија, каде што дисконтерот е позициониран наспроти ценовно ориентираниот „Меркадона“ кој е неколку пати поголем од германската компанија. Останатите нови менаџери имаат докажани резултати во малопродажбата во САД, со тоа што тие пред се имаат големо искуство со конкурентите во долар – трговијата, формат што за „Лидл“ во Европа од неодамна се појави на радарот. Двајца од нив имаат професионална историја со американскиот ланец на супер маркети „Сејв а лот“  , како  Кенет Мекграт, актуелен извршен директор на „Лидл интернешнл“ кој го водел до летото 2021.

                                                              

Коментар

„Алди“  и „Лидл“ играат глобална шаховска партија. Високата инфлација и каматните стапки играат во корист на „Алди“ против „Лидл“. Поради малата зависност од надворешното финансирање,  „Алди“ може да продолжи да инвестира во уделот на своите клучни пазари. Во изминатите двaнаесет месеци „Лидл“ стави кочници на својата програма за ширење, за да може да инвестира во ценовната конкурентност.

„Алди“ треба да ги ограничи плановите за проширување на „Лидл“ надвор од Европа, бидејќи дисконтерот „Шварц – групе“е стратешки подобро позициониран во Европа од двата „Алди“. „Лидл“ речиси целосно ги покрива новите пазари во Централна и Источна Европа и покрај негативните економски влијанија од војната во Украина, може да го користи овој регион како „кеш“ извор за своите други европски и меѓународни активности. На долг рок, присуството на „Лидл“ на Балтикот и Полска, исто така, може да послужи како отскочна штица во Украина, а можеби и понатаму во Источна Европа. Назначениот извршен директор на „Лидл“ за Украина, Адам Мисчишин, е преместен да стане генерален директор на компанијата во Чешка, пазарот во Централна Европа што ги премостува истокот и западот. Претходното присуство на „Алди суд“во ​​САД, Обединетото Кралство, Австралија, како и во Кина беше балансирано со релативно слабото присуство на „Алди“ на овие европски пазари во развој.

 Во исто време, матичната компанија на„Лидл“, „Шварц групе“е вертикално интегрирана во основните производни области. „Шварц продуктион“  е производствената гранка на холдингот. Таа се состои од фабрика за минерална вода, пржилница за кафе, како и фабрики за чоколада, сушено овошје, помошни производи и сладолед. Со организацијата за одлагање отпад „Пер зеро“, сопствениот бизнис за „облак, сајбер безбедноста и бродската линија „Таилвинд“, матичната компанија на „Лидл“, „Шварц групе“   е многу поинтегрирана од „Алди“.   За разлика од нив, двата „Алди“ работат со печење кафе во последниот половина век и дури во 2022 година се впуштија во производството на минерална вода.

Исто така, „Лидл“ има ас во ракавот благодарение на програмата за лојалност на клиентите „Лидл плус“. Иако попустот сè уште не нуди посветени индивидуални промоции, во процесот на еволуција кон посилна персонализација, „Лидл“е чекор понапред од „Алди“ Со оглед на тоа што извори од индустријата за подоцна во текот на оваа година се навестува можно лансирање на персонализирани понуди на „Лидл плус“во неколку земји, „Шварц“ ќе може да ги стави конкурентите под притисок без да мора да инвестира толку многу во маржа како во минатото.

Ова е секако една од причините зошто „Алди норд“ и „Алди суд“ ја поттикнуваат интеграцијата на деловните области во Германија и на меѓународно ниво. Усогласувањето на приватните брендови, ИТ системите и деловните процеси укажуваат на можно повторно обединување во иднина на двата „Алди“  . Бидејќи овие две компании работат на географски различни пазари, во Германија и на меѓународно ниво, на спојувањето најверојатно нема да се спротивстават надлежните агенции за заштита на конкуренцијата. На глобално ниво, резултирачките комерцијални и оперативни синергии ќе помогнат да се зајакне конкурентноста против „Лидл“.

 

 

Себастијан Ренак е основач на „Алетос ритеил адвајсори“, меѓународен аналитичар и поранешен меѓународен дописник на Lebensmittel Zeitung (LZ), водечки економски неделник за FMCG–секторот.  Има големо практично искуство во индустријата како поранешен член на оперативните тимови на „Шварц груп“ и „Метро груп“ во Полска, Украина и Русија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...