logo
logo
logo

Бастони: За Интер би се фрлил и во оган

Vecer | 24.04.2024

Бастони: За Интер би се фрлил и во оган

Дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони ги изрази своите импресии по повод освојувањето на шампионската титула во Серија А и перформансите на тимот. Бастони е дете на Аталанта, за првиот тим дебитираше во 2016 година и беше таму до 2019 година. Во сезоната 2018/19 беше позајмен на Парма. Во Интер дојде во 2017 година.
Отсекогаш сум велел дека имаме многу силна италијанска основа во тимот. Важно е да ја имаме бидејќи може да направи разлика во Серија А – треба да знаете во која лига ќе играте и да го имате тоа во вашата ДНК.
Сè уште се сеќавам како едно утро поминавме еден час на дожд за да испробаме некои тактички поени што тренерот Инзаги ни ги даваше. Секој дел го подготвуваме посебно, го проучуваме, па го тестираме на терен. Главната работа е никогаш да не земате здраво за готово.

Успеавме да научиме многу од сопствените грешки кои ги правевме во претходните години. Неповторувањето на овие грешки беше нашата сила оваа сезона.

Да, 12 играчи го напуштија тимот за време на летниот преоден рок и навистина бевме загрижени дека тоа го ослабна тимот. А и не знаевме кој ќе ги замени. Но, новите фудбалери покрај тоа што беа многу талентирани, имаа и голема желба за работа и лесно се интегрираа во тимот
Па, сега можам да кажам дека тие се навистина одлични момци, и на теренот и надвор од него. Сите до еден. Направена е неверојатна хармонија помеѓу старите и новите играчи на Интер.

Тоа значи многу. Низ годините поминавме многу, доживеавме многу разочарувања. Но, сега го гледам тимот и другите вработени во клубот и чувствувам дека ова е моето семејство, моето второ семејство.

А за ова семејство би се фрлил и во оган“, изјави италијанскиот репрезентативец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk